Израелците наместо ракети произведуваат респиратори

ФОТО: EPA

„Не смееме да зависиме од набавки од други земји“, заклучи министерот за одбрана.

Израел фабрика за производство на ракети ја пренамени за масовно производство на респиратори поради ширењето на епидемијата од коронавирусот, објави денеска министерството за одбрана.

Израел потврди 17 смртни случаи и речиси 5.000 заболени.

Министерот за одбрана Нафтали Бенет предупреди дека земјата има само 2.000 респиратори и дека и требаат уште многу такви апарати за одржување на дишењето кај тешко болните.

Во многу земји има недостиг на респиратори и некои за нивно производство им се обратија на приватните фабрики и на војската.

Респираторите се произведуваат во тајни постројки

„Ова утро почна производството во тајна постројка за ракети и првите респиратори се тестирани и составени“, пишува во соопштението.

За само неколку дена брзо ја пренаменивме линијата за производство на ракети, се додава во соопштението.

„Израел мора да ги развие сопствените капацитети за се што има врска со пандемијата на ковид -19, истакна Бенет.

„Не смееме да зависиме од набавки од други земји“, заклучи тој.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот