Израелците еврејската Нова година ќе ја слават во карантин

Припадници на израелската полиција со заштитна опрема патролираат низ Еуросалим / Фото: EPA-EFE/ABIR SULTAN

Израел од денеска воведува тринеделен карантин поради тоа што бројот на заразени со новиот коронавирус не се намалува со месеци.

Новите мерки подразбираат затворање на многу фирми, строго ограничување на јавните собири, додека луѓето ќе можат да се движат на еден километар од нивните домови.

Карантинот се воведува за време на еврејската Нова година, кога граѓаните ги посетуваат своите семејства и се собираат на големи молитвени служби.

Во синоќешното обраќање премиерот Бенјамин Нетанјаху предупреди дека можеби ќе бидат потребни построги мерки за да се спречи преоптоварувањето на болниците.

Во Израел има над 46.000 активни случаи, а најмалку 577 се хоспитализирани во тешка здравстена состојба. Од последици од Ковид-19 вкупно починале 1.169 луѓе.

Израел е помеѓу земјите со нај голем број на заразени со новиот коронавирус во однос на бројот на жители. Сега се пријавуваат околу 5.000 новизаразени дневно.

Израелските власти пролетта меѓу првите воведоа строга блокада, ги затворија границите и фирмите, што во мај доведе до намалување на бројот на новозаразени само а неколку десетина лица дневно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот