Израел возврати на рекетирањето од Газа, најмалку 20 загинати

Тензиите меѓу Израелците и Палестинците се зголемија во последните неколку дена.

Палестинското министерство за здравство во Газа, управувано од Хамас, соопштило дека во нападите починале 20 лица, вклучително и деца.Во Ерусалим, ракетниот оган предизвикал израелски парламент да се евакуира при звукот на сирените.

Тензиите меѓу Израелците и Палестинците се зголемија во последните неколку дена.

Лидерите на Хамас во Газа се заканија со напад откако денеска стотици Палестинци беа повредени во судирите со израелската полиција во Ерусалим.

Израел соопшти дека убиле најмалку тројца милитанти на Хамас. „Почнавме, да напаѓаме воени цели во Газа“, изјави израелскиот воен портпарол потполковник Џонатан Конрикус пред новинарите.

Извори на Хамас за Би-Би-Си изјавиле дека е убиен командант на бригадите Изедин ал-Касам, Мохамед Абдулах Фајад.

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, рече дека Хамас „ја преминал црвената линија“ и дека „сегашниот конфликт може да продолжи“.„Израел ќе одговори со голема сила,оние што ќе не нападнат ќе платат висока цена”, рече тој.

Изминатите неколку дена се случи најголемото насилство во Ерусалим по години наназад, со повеќе од 300 Палестинци ранети во судирите со израелската полиција пред џамијата ал-Акса.

 

Хамас го ракетираше Израел, деветмина загинати во Газа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот