Израел воведува нов карантин

Израел ковид / Фото: EPA-EFE/ABIR SULTAN

Израелската влада воведува нов карантин поради коронавирус, кој ќе трае најмалку три недели, кога е еврејскиот празник Рош Хашана, јавуваат израелските медиуми и странски агенции.

Последен ден од карантинот ќе биде 9 октомври. Израел моментално има 37.482 активни случаи на коронавирус, а досега починаа 1.103 лица.

Главниот лекар за борба против коронавирусот Рони Гамзу рече дека карантинот може и да се продолжи ако во трите недели нема резултати. Министерот за здравство рече дека медицинскиот персонал е на работ на силите и дека тоа е една од причините за карантинот.

Израелскиот премиер на брифингот со новинарите рече дека на ваква одлука ги натерале предупредувањата од експертите.

Како што пишува Хаарец, според одлуката за карантин, граѓаните нема да смеат да се оддалечуваат од домовите повеќе од 500 метри. Супермаркетите и аптеките ќе останат отворени. Се затвораат училиштата, рестораните и хотелите.

Израелскиот аеродром Бен Гурион ќе остане отворен.

Деталите за карантинот израелската влада треба да ги објави во текот на вечерта.

Израелскиот новинар Аншел Фефер, кој работи за Хаарец, Економист, а и ја напиша биографијата на Нетанјаху, на својот Твитер профил напиша дека на крајот од брифингот Нетанјаху со насмевка на лицето рекол дека сега мора да тргне на лет за Вашингтон, ако немаат други прашања за него.

„Истото се случи и во Австралија, Викторија е голема колку Израел“, им рекол Нетанјаху на новинарите кога соопштил дека земјата оди во карантин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот