Израел воведува неплатено отсуство за наставниците без сертификат за вакцинација и негативен тест на Ковид-19

Вакцинација во Франција
EPA-EFE/Caroline Blumberg

Наставниците во Израел без сертификат за вакцинација, а кои исто така не сакаат да бидат тестирани за Ковид-19, нема да можат да ја вршат својата работа од 3 октомври и нема да примаат плата, соопшти израелското Министерство за образование.

Таканаречениот „зелен пасош” може да им се даде на лица кои биле вакцинирани или оздравеле од Ковид-19. Наставниците без „зелен пасош” или без негативен тест, исто така, нема да можат да одржуваат онлајн настава и нема да примаат плата, потврди денеска портпаролката на Министерството за образование.

Според медиумските извештаи, од 3 октомври, потврдите за имунизација ќе важат само шест месеци по примањето втора доза вакцина. Потоа, неопходно е да примат трета доза вакцина.

Министерството за здравство денеска потврди за 5.921 нови случаи на инфекција. Досега, 60 проценти од 9,4 милиони луѓе во Израел се вакцинирани со две дози, а нешто помалку од 34 проценти ја примиле третата доза. Експертите тврдат дека здравствениот систем е преоптоварен со невакцинирани пациенти.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот