Израел уби најмалку 14 луѓе во Либан — оштети локалитет заштитен од УНЕСКО
Израелските сили вчера убија најмалку 14 луѓе и ранија десетици други во воздушни напади низ Јужен Либан, откако Иран предупреди на „разорни мерки“ доколку Израел продолжи со нападите врз земјата.
Препорачано
Убиствата се случија откако Иран и Израел разменија оган во најсериозната ескалација од почетокот на нивниот „прекин на огнот“ на 8 април.
Новото разгорување на конфликтот беше предизвикано од израелски напад врз либанската престолнина Бејрут во неделата.
Израелските напади врз Јужен Либан продолжија со нови жртви и разурнувања, додека паралелно се зголемуваат тензиите меѓу Израел и Иран. Според либанската Национална новинска агенција, во напад во близина на центар на Црвениот крст во крајбрежниот град Тир загинале петмина, а осуммина биле ранети. Меѓу повредените имало и четворица болничари.
Американски хеликоптер „апачи“ се урна во близина на Ормускиот Теснец
Оштетен е локалитет под заштита на УНЕСКО
Нападите предизвикале штета и врз локалитет под заштита на УНЕСКО во Тир, по што властите ги предупредиле жителите кои останале во градот да не се собираат на јавни места.
Во друг напад, врз Ал Марванија во областа Сидон, загинале двајца, меѓу кои и дете, а десетмина биле повредени. Меѓу ранетите биле и четири жени.
Во Зефта, во областа Набатија, израелски напад однел седум животи и ранил осуммина. Меѓу загинатите имало жена и сириско дете, а израелската артилерија го гранатирала и блиското село Тулин.
Деветмина загинати во израелски воздушен напад над јужен Либан
„Изведовме 16 операции против израелската војска“
Хезболах, кој се судира со израелските сили во Јужен Либан, соопшти дека извел 16 операции против израелската војска. Групата тврди дека уништила два израелски воени булдожери во селото Јохмор ал Шакиф, во близина на тврдината Бофор, погодила повеќе групирања на израелски војници и пресретнала израелски дрон над областа Иклим ал Туфах.
Либан беше вовлечен во поширокиот конфликт на 2 март, кога Хезболах, поддржан од Техеран, истрела ракети кон Северен Израел. Групата тогаш ги наведе како причина продолжените израелски напади врз Либан и убиството на иранскиот врховен лидер Али Хамнеи на 28 февруари.
Иако САД и Иран договорија прекин на огнот на 8 април, Израел продолжи со операциите во Либан, тврдејќи дека станува збор за одвоен фронт. Иран, пак, предупредува дека секој договор со Вашингтон мора да опфати и запирање на борбите во Либан.
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац го отфрли ова поврзување и порача дека секој напад врз Израел ќе биде дочекан со силен одговор.
Нов израелски напад врз Бејрут, прв по прогласеното примирје


