Израел тврди дека цивилните жртви во нападите на тунелите не биле намерни

Фото: ЕПА / илустрација

Израелската војска соопшти денеска дека нејзиниот напад на системот на тунели на милитантите во Газа предизвикало рушење на цивилните куќи, што довело до „ненамерно“ страдање на цивилните жртви.

Погоден е систем на тунели кој го користеше палестинската милитантска група Хамас во градот Газа, се наведува во соопштението кое го пренесе Ројтерс.

Хамас истрела огромен број ракети кон Израел, Тел Авив жестоко возврати

„Подземен воен објект се сруши при што се сруши и темелот на цивилни куќи над нив, што доведе до ненамерни жртви“, соопштија од израелската војска.

Војската соопшти дека „се обидува да избегне цивилни жртви што е можно повеќе, но дека Хамас се виновни за намерно лоцирање на своите воени инфраструктури под цивилни куќи“.

Најмалку 40 лица загинати и 50 ранети во денешните израелски воздушни напади врз појасот Газа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот