Израел со реакција на иранските ракети: Погодени цели во близина на Дамаск

Фото: Илустрација/EPA-EFE/ATEF SAFADI

Официјалните лица во Израел велат дека спровеле напади врз цели во Сирија кои припаѓаат на владата и на нивните сојузнички сили од Иран, пренесе Би-Би-Си.

Израелската војска вели дека спровеле „напади од големи размерри“ како реакција од истреланите ракети на иранска единица во Израел.

Сирија вели дека два цивили загинале и дека сириските воздушни сили успеале да ги соборат поголемиот дел од ракетите упатени кон Дамаск. Другите извештаи велат дека бројката на загинати е поголема.

Информациите од терен велат дека се слушнале силни експлозии во близина на главниот град. Фотографии на социјалните медиуми покажуваа бројни пожари.

Вчераутро, израелската војска рече дека пресретнала четри ракети истрелани од Сирија кон јужен Израел. Според информациите, ракетите не стигнале до израелското тло.

Израел спроведе стотици напади во Сирија од почетокот на граѓанската војна во 2011 година. Причините за тоа се обидите на израелската армија да го спречи „военото поставување“ на Иран и да ги блокира пратиките за иранско оружје за Хезболах во Либан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот