Израел: Се појави „флурона“ – истовремена зараза со грип и коронавирус

Во Израел е регистриран новсој коронавирус/ Фото: EPA-EFE/ABIR SULTAN

Првиот случај на „флурона” – истовремена зараза со коронавирус и грип, е забележан во Израел, а според локалните медиуми првата заболена е млада брмена жена која има благи симптоми и е примена во болницата Беилинсон во градот Петач Тикхва, јавува Индепендент.

Израелското министерство за здравство соопшти дека го проучуваат случајот за да утврдат дали комбинацијата од двете инфекции може да предизвика посериозно заболување.

Пациентката не била вакцинирана против коронавирус или грип, но немала особено силни симптоми. Таа се чувствува добро и се очекува да биде пуштена од болница во четврток.

Ова е прв документиран случај на истовремена инфекција со коронавирус и вирус на грип, но здравствените експерти веруваат дека имало и други кои не се документирани.

Бројот на случаи на зараза со коронавирус во Израел е во пораст. Секој ден се евидентираат околу 2.300 нови случаи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот