Израел: Сѐ повеќе пациенти се заразуваат со ковид-19 по третпат

Фото: EPA-EFE/ABIR SULTAN

Министерството за здравство на Израел денеска соопшти дека се зголемува бројот на луѓето кои по третпат се заразени со ковид-19 и дека се очекува тоа да продолжи.

До декември 2021 година, само 12 лица се заразиле со коронавирусот по третпат, а до крајот на јуни оваа година тој број достигна 992, јавија израелските медиуми.

Здравствените експерти сметаат дека една од главните причини за третата инфекција е фактот што повеќето Израелци повеќе не се грижат дали ќе се заразат и не носат маски.

„Вакцината сѐ уште обезбедува добра заштита, но кај ризичната популација, вакцинацијата и закрепнувањето од болеста не обезбедуваат стопроцентна заштита“, рече Илана Ганс, раководителка на одделот за јавни здравствени услуги во Министерството.

Во првите бранови, односот кон ковид-19 беше како кон повеќето заразни болести и се сметаше дека лицето кое закрепнало е речиси целосно заштитено од инфекција, објасни таа.

Во сегашниот бран, 10 до 15 проценти од потврдените случаи се повторно забиолени, а бројот на заболени по третпат се зголемува.

Извор: МИА

Видео на денот