Израел пресретнале четири ракети од Сирија

Фото: EPA-EFE/MOHAMMED SABER

Израелската војска соопшти дека пресретнала денеска четири ракети испукани од Сирија, поради што се огласија сирени, а експлозии во Дамаск се слушнале набргу потоа.

Во соопштението се вели дека не е направена штета врз израелските заедници во Голанската висорамнина откако сирените ги разбудија жителите во раните утрински часови.

Засега нема официјален коментар на Сирија, но државната агенција Сана објави дека се слушнале експлозии на меѓународниот аеродром во близина на Дамаск.

Израелската војска не ги коментираше експлозиите во Сирија, но израелскиот министер за одбрана Нафтали Бенет свика состанок на воениот врв во Тел Авив.

Министерот за надворешни работи Израел Кац изјави за военото радио дека Израел ќе одговори „на соодветен начин”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот