Израел неискористените дози вакцини им ги испраќа на други држави

Фајзер вакцина
Фајзерр вакцина / Фото: ЕPA-EFE/ABIR SULTAN

Израел најави дека на Палестинците и некои други земји, како Хиндурас, земјата која во Ерусалим сака да отвори амбасада, ќе им испрати „ограничено количество на неискористените дози од вакцината против ковид-19″.

Еврејската држава засега е светски рекордер според бројот на вакцинирани граѓани, бидејќи веќе има ревакцинирано три милиона свои жители со вакцините на „Фајзер”/„БиоНТек”, што претставува речиси третина од населението.

На 19 декември Израел ја почна големата и брза кампања за вакцинација, по обезбедениот договор со „Фајзер” што овозможи таму да се испорачаат милиони дози од вакцината во замена за биомедицинските податоци за нејзиното влијание врз популацијата.

„Израел доби бројни барања за помош од земјите кои бараат вакцини”, се наведува во соопштението на кабинетот на премиерот Бенјамин Нетанјаху, додавајќи дека Израел не е во можност да даде „значајна” помош пред крајот на својата кампања на вакцинација. Но, се додава во соопштението „со ограничено количество неискористени вакцини собрани во последниот месец”, земјата одлучи да му помогне на медицинскиот персонал на палестинските власти и на неколку земји и да им испрати симболично количество вакцини”.

Во последните неколку недели Израел веќе испрати илјадници дози вакцини на окупираниот Западен брег за палестинскиот медицински персонал.

Според Обединетите нации и невладините организации, Израел „како окупаторска сила” е должен да обезбеди вакцини за 2,8 милиона Палестинци на окупираниот Западен брег и за два милиони жители на Појасот Газа, кои живеат под израелска блокада.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот