ИЗРАЕЛ НА НОЗЕ: Полицијата го евакуира населението

Пожарникари се борат со бројни пожари на повеќе локации во централниот дел на Израел и појасот Газа, а полицијата веќе евакуирала стотици луѓе.

Поради пожарите кои се шират, а предизвикани од екстремно топлиот бран, сообраќајот бил прекинат и на главниот автопат кој го поврзува Тел Авив со Ерусалим, пренесуваат тамошните медиуми.

Израелскиот премиер, Бенџамин Нетанјаху, побарал Министерството за надворешни работи и Министерството за јавна безбездност да се испратат авиони од странство за да помогнат во борба со пожарите.

Причините за пожарите не се познати во целост, но извесно е дека на границата со појасот Газа се шират неколку пожари поради запаливи балони испратени од палестинските милитанти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот