Израел ќе собира лични податоци од граѓаните во борбата против коронавирусот

Актуелниот премиер на Израел, Бенјамин Нетанјаху Фото: EPA-EFE/ABIR SULTAN

Премиерот Бенјамин Нетанјаху изјави дека е подготвен да ги употреби сите средства „во војната против невидливиот непријател” и со поддршката на владата на „Шин бет” му дал инструкции да собира лични податоци за да се лоцираат носителите на вирусот и луѓето во самоизолација.

Израелскиот парламентарен одбор и одобри на разузнавачката служба да собира лични податоци од граѓаните. Оваа контроверзна мерка израелските власти ја воведуваат во рамките на обидите да го запрат ширењето на заразата со коронавирусот.

Израелската Влада на почетокот на март одобри безбедносната служба „Шин бет” да собира лични податоци од граѓаните преку нивните мобилни телефони за да помогне во борбата против вирусот, со кој досега се заразени 5.358 Израелци, според најновите податоци што сношти беа соопштени.

Луѓето кои се борат за човековите права веднаш се обратија до Врховниот суд да побараат основање парламентарен одбор што ќе го одобри или ќе се спротивстави на дигиталното надгледување. Премиерот Бенјамин Нетанјаху изјави дека е подготвен да ги употреби сите средства „во војната против невидливиот непријател” и со поддршката на владата на „Шин бет” му дал инструкции да собира лични податоци за да се лоцираат носителите на вирусот и луѓето во самоизолација.

Против оваа мерка се изјасни сојузот од партии „Заедничка листа” во кој повеќето се израелски Арапи, трета по сила политичка сила во израелскиот Парламент, како и невладините организации кои ги бранат човековите права.

Сојузот од партии на центарот „Сино и бело”, на Бени Ганц, ја осуди, како што соопшти, „злобната одлука”, бидејќи е донесена без одобрение на парламентот. Ганц до неодамна беше политички ривал на Нетанајху, а сега со него преговара за формирање вонредна влада за единство заради пандемијата на коронавирусот .

Во соопштението на парламентарниот одбор за надворешна политика и одбрана се наведува дека по маратонската расправа е одобрена одлуката на владата да го овласти „Шин бет” да помогне во напорите да се запре ширењето  на коорнавирусот во рок од еден месец, до 10 април годинава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот