ИЗРАЕЛ ЈА ИСПОЛНИ ЖЕЛБАТА НА ТРАМП: Забрани посета на муслимански конгресменки

Израел одлучи да не дозволи посета на американските конгресменки Рашиди Тлаиб и Илхани Омар, изјави денеска Ципи Хотовели, заменичка на израелскиот министер за надворешни работи.

– Одлуката е донесена. Одлуката е дека не можеме да им дозволиме да влезат, изјави Хотовели.

Претходно денеска, американскиот претседател Доналд Трамп денеска оцени дека Израел ќе покаже „голема слабост“ доколку им дозволи на конгресменки Тлаиб и Омар да ја посетат светата земја.

„Тие го мразат Израел и еврејскиот народ, и тука нема што да се каже или направи за да се сменат нивните ставови“ напиша Трамп на својот налог на Твитер.

Нарекувајќи ги двете членки на американскиот Конгрес од Демократската партија „недраги“, Трамп напиша дека на нивните матични држави, Мичиген и Минесота, „ќе им треба многу време да ги вратат на работа во канцелариите“.

ДПА наведува дека двете конгресменки, кои Трамп повеќе пати ги има јавно критикувано, планираат да ги посетат окупираниот Западен Брег и Источен Ерусалим.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот