Израел истрела над 120 бомби врз мрежата тунели на Хамас

Портпаролот на израелските вооружени сили Хидаи Зилберман изјави дека војската синоќа извршила нова фаза на систематски напади врз мрежата на тунели на палестинската радикална исламистичка група Хамас во Појасот Газа.

Зилберман нагласи дека околу 22 часот (по локално време) 52 израелски воени авиона фрлиле 122 бомби за 25 минути врз околу 40 подземни цели што се дел од таканареченото „метро”, што опфаќа тунели од 12 километри. Целите вклучуваат места за складирање оружје и команден центар. Израелската армија проценува дека се убиени најмалку 10 припадници на Хамас и Исламски џихад.

Нападите беа  во Хан Јунис и Рафах во јужниот дел од Газа, од каде што повеќето ракети беа испукани кон израелските градови.

Во врска со тврдењето на Хамас дека погодиле бази на израелското воено воздухопловство, Зилберман рече: „Тие се обидуваат, но не удираат”.

Израелската војска соопшти дека околу 50 ракети биле истрелани од терористи во Појасот Газа во изминатите 12 часа, од кои 10 од нив паднале во Газа. 

Видео на денот