Израел и Чиле се рекордери во вакцинација, но едната од овие земји е блиску до победа на вирусот, а другата целосно се затвора

Фото: ABIR SULTAN, ALBERTO VALDES / EPA

Додека земјоте ширум светот се во трка што побргу да го вакцинираат своето население, некои веќе го прават тоа доста успешно, додека други земји и натаму се мачат.

Во оваа борба водат две земји, но додека едната е се поблиску до враќање во нормала, другата повторно целосно се затвора.

Станува збор за Израел и Чиле, а токму Израел е земјата која засегга најуспешно се бори со инфекцијата. 

Израел забележа значителен пад на бројот на новозаразени, како и бројот на хоспитализирани и смртни случаи откако ја спроведе најбрзата кампања за вакцинација во светот со вакцината на „Фајзер и Бионтек“, во која имунизираше повеќе од половина од нејзината деветмилионска популација.

Фото: Профимедиа

Според објавените анализи, од пикот во јануари, Израел бележи пад на бројот на новозаразените до 96 отсто, како и 85 отсто помалку смртни случаи.

Чиле, пак, вакцинираше повеќе од една третина од 18-милионското население, со што претставуваше лидер во вакцинацијата во Северна и во Јужна Америка. Населението беше вакцинирано со „Фајзер“/„Биоентек“, како и со кинеската „Синовак“. Сепак, бројот на заразени се искачи до степен што го оптовари здравствениот систем, а строгите рестриктивни мерки повторно стапија на сила.

Се смета дека брзата вакцинација внела лажно чувство на сигурност, како и дека Чиле прерано ги ублажил превентивните мерки. Земјата повторно ги отвори своите граници во ноември и во јануари, а воведе и дозволи за одење на одмор.

Фото: : ALBERTO VALDES / EPA

Отсуството на строги контроли врз оние што влегуваат во земјата, како и недостатокот на ефикасен систем за следење на контакти, се претпоставува дека се причините за повторното ширење на вирусот во јужноамериканската држава.

Се претпоставува дека различните ефекти се должат на повеќе фактори – ефикасноста на употребените вакцини, различните варијанти на ковид-19 и разликите во демографијата во двете држави, а можеби се и прашање на времето, бидејќи Израел исто така се соочил со период на зголемување на бројот на случаи во текот на вакцинацијата, со што се смета дека било потребно подолго од очекуваното за кампањата да покаже резултати.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот