Израел и Бахреин потпишаа договор за воспоставување дипломатски односи

epa08756035 An Israeli delegation led by Israeli National Security Advisor Meir Ben Shabbat (L), signs an agreement with Bahraini officials in Manama, Bahrain, 18 October 2020. EPA-EFE/RONEN ZVULUN / POOL

Израел и Бахреин денеска одлучија да воспостават официјални дипломатски односи со што малата земја од Заливот стана четвртата арапска држава што ги нормализира односите со Израел.Договорот за воспоставување дипломатски односи, со посредство на САД, беше потпишан на крајот од еднодневната посета на американско-израелската делегација на Бахреин.

Бахреин им се придружи на Обединетите Арапски Емирати на 15 септември во Белата куќа на церемонијата на потпишување на договорот со Израел наречен Аврам.
– Тоа навистина беше историска посета, почеток на плодни билатерални односи, рече министерот за надворешни работи на Бахреин, Абдулатиф ал Зајани на церемонијата на потпишување.


Делегацијата на САД ја предводеше министерот за финансии Стивен Мнучин, а израелската делегација беше предводена од Меир Бен Шабат, советник за национална безбедност на Бенјамин Нетанјаху.

Шабат рече дека „првиот официјален чекор за приближување на двете земји” е направен, додавајќи дека делегацијата е примена „со отворени раце” и дека тоа е важен чекор за стабилност и просперитет во регионот.

Како што пренесуваат странските агенции, договорите на Израел со ОАЕ и Бахреин претставуваат дипломатски победи за администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп и Нетанјаху.

Палестинците, сепак, ги критикуваа договорите затоа што долго време се потпираа на единствениот арапски став дека Израел ќе биде признат само кога ќе имаат независна држава.

Договорите одразуваат промена на Блискиот исток, каде заедничката загриженост за потезите на Иран и деловните можности го засенија претстојното решавање на палестинското прашање.

(Извор: МИА)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот