Израел го возврати ударот: Нов напад во Појасот Газа

Фото: EPA-EFE/MOHAMMED SABER

Израелската авијација бомбардира позиции на радикални организации во Појасот Газа, јави палестинската радиостаница Јужен Ал Акса, пренесува Тајмс оф Израел.

Нападите се случиле на периферијата на градовите Кан Јунис и Беит Лахиа во јужните и северните делови на секторот. Испукани биле десетина 10 проектили.

Нападите ги извршиле борбени авиони и хеликоптери. Палестинските групи, пак, возвратиле со оган врз воздухопловните сили на еврејската држава.

Во меѓувреме, набљудувачките пунктови на Хамас во северните делови на Појасот Газа исто така биле под артилериски оган од Израел. Нема извештаи за жртви или материјална штета како резултат на гранатирањето.

Од Газа истрелани две ракети кон Тел Авив, нема жртви

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот