Израел ги напаѓа цивилите кои сакаат да се вратат дома, обвинува Хезболах
Израелската војска изјавила дека нејзините воздухопловни сили го погодиле објектот што Хезболах го користел за складирање на ракети со среден дострел во јужен Либан во четврток, откако двете страни се обвинија меѓусебно за прекршување на прекинот на огнот.
Израел, исто така, отворил оган во четврток кон како што ги нарече “осомничени” со возила кои пристигнуваат во неколку области во јужната зона, посочувајќи дека тоа е прекршување на примирјето со вооружената група Хезболах поддржана од Иран, кое стапи на сила во среда, објави Ројтерс.
Пратеникот на Хезболах, пак Хасан Фадлала, пак, го обвини Израел за прекршување на договорот.
– Израелскиот непријател ги напаѓа оние што се враќаат во пограничните села – изјави Фадлалах, додавајќи дека имало прекршувања од страна на Израел.