Израел е првиот ривал на македонските кошаркари во олимписките претквалификации

фото: kfsm.mk

Првопласираните две репрезентации по трите натпреварувачки денови во групата „А“ во Талин, ќе обезбедат пласман во полуфиналната фаза.

Светската кошаркарска федерација (ФИБА) ги одреди термините и распоредот на натпреварите на претквалификациските турнири за место на Олимпијадата во Париз. На оној во Талин, на кој ќе биде и македонската машка сениорска репрезентација, ќе има три натпреварувачки и еден слободен ден.

На 12 август, односно на првиот натпреварувачки ден ќе го отвори мечот во кој домаќинот на турнирот, Естонија ќе игра против селекцијата на Чешка, а веднаш потоа нашите најдобри кошаркари ги чека дуелот со Израел.

Ден подоцна, на 13 август, во арената „Тондираба“, Македонија одново ќе го игра вториот меч на денот, оној против домашната репрезентација на Естонија.

Наредниот ден, 14 август е предвиден како ден за одмор за сите четири репрезентации, пред она што следува како завршница на собирот во главниот град на Естонија. На 15 август, во првиот термин ќе играат Македонија и Чешка, а турнирот ќе биде затворен со средбата Естонија-Израел.

Првопласираните две репрезентации по трите натпреварувачки денови во групата „А“ во Талин, ќе обезбедат пласман во полуфиналната фаза која ќе се игра во полскиот град Гливице, каде во исто време се закажани натпреварите од групата „Б“ од европската зона.

ПРЕТКВАЛИФИКАЦИСКИ ТУРНИР – ТАЛИН

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ – ГРУПА „А“ :

12 АВГУСТ

Чешка – Естонија
МАКЕДОНИЈА – Израел

13 АВГУСТ

Израел – Чешка
Естонија – МАКЕДОНИЈА

14 АВГУСТ

СЛОБОДЕН ДЕН

15 АВГУСТ

Чешка – МАКЕДОНИЈА
Израел – Естонија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот