Израел целосно ги укина ковид сертификатите

Израел ковид / Фото: EPA-EFE/ABIR SULTAN

Израелскиот премиер Нафтали Бенет денеска најави дека целосно ќе го укине зелениот сертификат бидејќи новите дневни случаи на коронавирус продолжуваат да се намалуваат во таа земја.

По средбата со здравствените власти, Бенет изјави дека израелскиот бран на омикрон е „прекинат“, и дека во земјата претстои дополнително укинување на епидемиолошките мерки, пренесува агенцијата АП.

На луѓето кои имале „зелена пропусница“ (израелски зелен сертификат), на оние кои неодамна закрепнале од коронавирусот или биле вакцинирани со три дози од вакцината, им се дозволува да влезат во затворени простори и да учествуваат во големи собири.

Како што се наведува, иако бројот на нови заразени е сè уште висок, израелското Министерство за здравство известува за постојан пад на сериозните случаи на ковид-19 од врвот на бранот предизвикан од омикрон што беше доминантен во земјата.

Од почетокот на вакцинацијата во земјата, околу 48 отсто од 9,4 милиони луѓе примиле три дози од вакцината Фајзер, а повеќе од 72 отсто од населението примиле најмалку една доза вакцина.

Од почетокот на пандемијата на корона вирусот, најмалку 9.710 луѓе починале како резултат на инфекцијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот