Изработен е прашалник за онлајн купување

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија започна со израбoтка на сеопфатна годишна анализа за напредокот на е-трговијата во нашата земја. За таа цел изработен е прашалник за онлајн купување, наменет за сите оние кои купиле/ платиле/ нарачале барем еднаш онлајн.

Врз основа на дадените одговори во прашалниците, ќе се носат заклучоци и препораки за понатамошен развој на е-трговијата во земјава.

Целта, како што информираат е да земеат предвид што повеќе искуства на домашните купувачи, за да им помогнат на новите е-трговци од 2020 година чиј број е 203, заклучно со 30 јуни 2020 и постоечките 1022 е-трговци заклучно до 31 декември 2019, за да ги подобрат услугите што ги нудат на домашниот пазар, а ова е многу значајно, со оглед на тоа што е-трговијата во нашата земја доживеа огромен раст, особено од почетокот на ситуацијата со ковид-19.

Прочитајте и...  ФОТО I Вечерва протести на опозициската ВМРО-ДПМНЕ во седум града, утре во Скопје

Прашалникот ќе биде активен заклучно со петок, 30 октомври, до крајот на денот, а може да се отвори на следниот линк .

Прашалникот се пополнува за неколку минути, а Асоцијацијата обезбедува и 30 награди по случаен избор за оние кои што ќе ги остават своите контакт податоци на крајот на прашалникот

 

Поврзани вести

Црна Гора го протера српскиот амбасадор Божовиќ

Михаило Донев

Бајден ја разгледува кандидатурата на генерал Остин за шеф на Пентагон

Михаило Донев

Србија: Рекорден број на смртни случаи во последните 24 часа од ковид-19

Слободен печат

ЛДП и Демократски сојуз на Mакедонците-ученици во Пустец им донираа книги и учебни материјали

Михаило Донев

Вчера редици за шопинг, денеска за ковид амбуланти: Хаос пред болниците во Србија (ВИДЕО)

Слободен печат

Приведен 36-годишен скопјанец баран со потерница

Слободен печат

Остави Коментар

MacedonianAlbanian