6 C
Скопје

Изов со принудни измени поради седум позитивни случаи на коронавирус

Седум фудбалерки од македонската женска репрезентација добија позитивни резултати од првиот скрининг тест на вирусот ковид-19. Без никакви симптоми на Ковид-19 во самоизолација се две фудбалерки од Каменица Саса и пет фудбалерки од Тиверија.

Составот на македонската женска репрезентација заедно со стручниот штаб и луѓето кои се вклучени во работата на селекцијата пред почеток на подготовките за натпреварот со Франција имаа тестирање за присуство на вирусот ковид-19. Сите членови на тимот беа во изолација и немаа меѓусебен контакт до добивањето на резултатите.

Селекторот на репрезентацијата, Кирил Изов беше принуден да прави дополнување на играчкиот кадар за натпреварот со Франција.

Предводникот на женската репрезентација дополнително ги повика Сара Коларовска (ЖФК Скопје 2014), Афродита Салихи (ЖФК Скопје 2014), Драгана Гегова (ЖФК Скопје 2014), Елена Петровска (ЖФК Скопје 2014), Сара Хусеин (ЖФК СЦ Истатов) и Ана Милчевска (ЖФК СЦ Истатов).

Прочитајте и...  Верувале или не, во Европа нема интерес за Роналдо!

Резултатите од вториот тест за присуство на вирусот Ковид-19 се негативни за сите репрезентативки и членови на женската репрезентација.

Натпреварот меѓу Македонија и Франција се игра утре на Националната арена „Тодор Проески“ во 21.00 часот.

Поврзани вести

Ѓоковиќ направи уште поголема разлика во однос на ривалите

Слободен печат

ВИДЕО: Голеада на „Гудисон парк“ во режија на Сигурдсон и Кејн!

Слободен печат

Илиоски: Кога и малку се создаваат услови, се враќам и се трудам да ги остварам целите!

Љафтов: Долго време се чекаше на овој успех во Пазарџик, за нас и градот ова е историја!

ВИДЕО: Мастерсот во Монте Карло продолжува без Надал!

Слободен печат

Ѓорческа во големото финале на турнирот во Франција

Слободен печат

Остави Коментар