Изоставен податок дава поинаков приказ за вистината на смртните случаи во Италија

Вкупниот број на смртни случаи од избувнувањето на епидемијата во Италија е 8.215, а не 8.165, како што беше соопштено. 

Северниот италијански регион Пиемонт вечерва соопшти дека 50 луѓе починале од коронавирусот во последните 24 часа во регионот, податок кој бил изоставен од националната бројка што ја објави Агенцијата за цивилна заштита.

Тоа значи дека во последните 24 часа во Италија починале 712, а не 662 лица како што беше официјално објавено, што сепак е зголемување од вчера кога бројот на жртви изнесуваше 683.

Вкупниот број на смртни случаи од избувнувањето на епидемијата во Италија е 8.215, а не 8.165, како што беше соопштено.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот