Изолацијата неуспешно го крие најголемиот проблем во Северна Кореја

Фото: Christopher Jue / Zuma Press / Profimedia

Демографскиот пад во Јужна Кореја можеби е загрижувачки, но нејзиниот северен сосед се соочува со сличен проблем кој очајно се обидува да го прикрие, заклучуваат аналитичарите кои ја проценуваа иднината на една од најизолираните земји во светот.

Моменталната популација на комунистичка Северна Кореја се проценува на околу 25 милиони луѓе, што е речиси половина од популацијата на нивниот јужен сосед, велат податоците на Централната разузнавачка агенција (ЦИА) на САД. Никол Еберштат, демокрафскиот експерт во Американскиот претприемачки институт, го анализираше првиот цензус на Северна Кореја од 1994 година, кога во земјата имало околу 21 милион жители. Последниот цензус е спроведен во 2008 година и покажува дека земјата има повеќе од 24 милиони граѓани.

– Тие бројки се лажирани за да се прикријат последиците на гладувањето, за кое се смета дека е причина за смртта на милиони Севернкокорејци – истакнува Еберштат.

Сличен доказ се појавил и во студија од 2002 година, кога е откриено дека 39 отсто од Севернокорејците се под просечната тежина поради хронично гладување.

– Новиот цензус, планиран за 2018 година, е откажан откако Сеул ја укина помошта Пјонгјанг поради стравувањата дека ке ги прекрши меѓународните санкции наметнати за својот сосед – вели Еберштат, а пренесува „National intеrest“.

Семејствата во Северна Кореја се двоумат да имаат повеќе од едно дете поради финансискиот товар, и покрај извештаите дека режимот намерно го ограничува пристапот до контрацепциските средства и ги забранува абортусите. Таквите мерки се засилени за да се одговори на ниските стапки на раѓање на деца во земјата.

Дури и во хипотетичката ситуација на соединување на Северна и Јужна Кореја, што е нивна заедничка цел, демографскиот пад не би застанал во ниту една од двете земји. Индикаторот за тоа доаѓа од Германија, каде по обединувањето се појавил брз пад на фертилитетот во Источна Германија на 0,8 отсто. Иако таа бројка со текот на времето се подобрила, стапката на фертилитет од 1,6 отсто во некои поранешни источногермански сојузни джави и понатаму е под нивото на замена на генерациите.

Според најновите податоци на ЦИА, Северна Кореја по стапката на фертилитет е на 127 место во светот, со стапка на раст од само 0,5 отсто и без миграција. Во земјата која поради големите недостатоци на храна 40 отсто од населението е гладно, очекуваниот животен век е речиси 12 години пократок од јужнокорејскиот.

Изолацијата можеби моментално ја штити земјата, но нејзината лоша демографска судбина е неизбежна, завршуваат од „National interest“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот