Изнесена одбраната на Трамп: Бранителите ќе докажуваат дека тој е невин и не треба да се отповика

Високи претставници на администрацијата соопштија дека документот што ќе го поднесат денеска ќе има подетална и поагресивна одбрана во која ќе се каже дека Трамп е невин и не треба да се отповика.

Откако одби да соработува во истрагата за отповикување што ја предводеше Демократската партија во Претставничкиот дом, американскиот претседател Доналд Трамп денеска ќе ја изнесе својата прва сеопфатна одбрана, пред почетокот на постапката за негов импичмент во Сенатот.

Трамп, кој е четврти од 45 американски претседатели кој се соочува со можноста да биде отповикан, мора да го исполни крајниот рок до пладне по локално време за да ја поднесе својата одбрана во писмена форма.

Тој е обвинет за злоупотреба на својата надлежност со барањето од Украина да го испита неговиот демократски политички ривал Џо Бајден и за опструкција на истрагата на Конгресот за неговото однесување.

– Ова е безобразен и незаконски обид за промена на резултатите од изборите во 2016 година и мешање во изборите што ќе се одржат во 2020 година за само неколку месеци, велат адвокатите на Трамп во одговорот на обвинението објавен во саботата.

Високи претставници на администрацијата соопштија дека документот што ќе го поднесат денеска ќе има подетална и поагресивна одбрана во која ќе се каже дека Трамп е невин и не треба да се отповика, како што бараат демократите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот