ИЗНЕНАДУВАЊЕ: Зверев му одржа лекција на Надал

twitter/ATP Tour

Александер Зверев оствари голема победа над Рафаел Надал на Мастерсот во Лондон со триумфот до 6:2,6:4.

Мечот почна со сигурна игра на двајцата тенисери во почетните гемови. Но, од петтиот гем на теренот во О2 арената како да постоеше само еден тенисер, Германецот Зверев кој со два едноподруго брејка го освои првиот сет во убедливи 6:2.

Одличната игра на петтиот тенисер на АТП ранг листата продолжи и во вториот сет, со силните форхенди го фрустрираше Надал и уште на стартот направи брејк. Зверев со сигурен сервис ја одржа предноста до самиот крај за конечен триумф од 6:4.

Во второто коло кое се игра во среда, Зверев ќе се сретне со Стефанос Циципас, додека Надал го очекува пресметка со Данил Медведев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот