Изненадување за Пандев, специјален шампионски прстен од Интер (ФОТО)

Италијанскиот Интер не ги заборава своите фудбалери, посебно не оние кои на клубот му донесоа тројна круна во 2010 година, а меѓу нив е и капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев.

Пандев како и останатите фудбалери на „нероаѕурите“ доби специјален подарок, шампионски прстен. На прстенот е изгравирана годината која со златни букви е запишана во клупската историја „Timeless 2010“ како и бројот „27“ кој го носеше најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев.

Во таа 2010 година, Пандев заедно со фудбалерите на Интер кои во тоа време беа предводени од Жозе Мурињо дојдоа до титулата во домашното првенство и Купот на Италија, како и трофејот во Лигата на шампионите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот