Изненадување во Јувентус – тренер без ниту еден трофеј ќе го менува Сари, Интер и Конте ќе одат на суд?

epa07902075 Juventus' head coach Maurizio Sarri (L) hugs Inter's coach Antonio Conte prior the Italian serie A soccer match between FC Inter and Juventus FC at Giuseppe Meazza stadium in Milan, Italy, 6 October 2019. EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Тренерите на двете најдобри екипи во Италија оваа сезона ги очекува бурно лето во борбата да останат на своите позиции.

Забавата во Интер не престанува, Антонио Конте по нападите кон управата на клубот, вчера се обиде да ја спушти топката и демантира дека сака да оди во Јувентус со то што ќе ги натера челниците на „нероаѕурите“ да му дадат отказ.

Но, според италијанските медиуми Конте направи преголема штета, ги наруши односите со управата до таа мерка со што повеќе нема враќање назад. Медиумите тврдат дека Конте нема сам да си замине бидејќи не сака да се откаже од парите, тој во наредните две години треба да заработи чисти 24 милиони евра, 12 милиони по сезона.

Поради тоа Интер, односно генералниот директор Бепе Марота е подготвен да оди на суд бидејќи Конте ги нарушил угледот на клубот, но изгледите дека ќе го добијат случајот се мали. Впрочем така Конте го победи Челси на суд и си ги зема парите за последната година од договорот.

Нималку понеинтересно не е ниту во редовите на шампионот Јувентус, каде Сари експресно може да добие отказ доколку не го елиминира Олимпик Лион во осминафиналето од ЛШ.

Изненадувачки, претседателот на „старата дама“ Ањели не е премногу загреан на клупата да го донесе Маурицио Покетино како што се зборуваше во медиумите, дури поголеми шанси има Симоне Инзаги од Лацио. Оваа опција е во игра бидејќи преговорите за нов договор со Лацио се пред прекин поради преголемите барања на Инзаги.

Роберто де Зерби/EPA-EFE/SERENA CAMPANINI

Но, од друга страна Ањели сериозно размислува на клупата да го донесе тренерот на Сасуоло, Роберто Де Зерби. Де Зерби негува напаѓачки фудбал, идоли му со Марсело Биелса и Пеп Гвардиола и ја копира нивната тактика, што му се допаѓа на Ањели и е подготвен да му даде шанса. За услугите на Де зерби заинтересирана е и Барселона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот