На планинскиот превој Стелвио во Италија, вчера вечер паднал снег.
Стелвио се наоѓа во северна Италија, на граница со Швајцарија на висина на околу 2.757 метри , пренесува порталот Индекс.
На снимките објавени на социјалните мрежи јасно се гледа како паѓа снег и дека има снежна покривка на клупите и столиците во ова зимско одмаралиште.