Изненадување, Хабиб се враќа во октагонот за да ја исполни последната желба на татко му?!

Хабиб Нурмагомедов изминатиот викенд веднаш откако ја забележа 29. победа во 29. меч во кариерата против Џастин Гејџи, го изненади ММА светот со објавата дека се повлекува.

„Кралот“ на октагонот, Нурмагомедов: Ова беше мојата последна борба!

Нурмагомедов веднаш по победата изјави дека повеќе не може да се бори без својот татко Абдулманап кој почина пред неколку месеци.

– Кога УФЦ ме повика за оваа борба, три дена разговарав со мајка ми за тоа дали ќе се борам без татко ми ѝ и ветив дека ова ќе биде мојата последна борба. Доколку дадов збор, тогаш треба да го исполнам ветеното. Ова беше моја последна борва – изјави Хабиб.

Но, претседателот на УФЦ, Дејна Вајт верува дека Нурмагомедов ќе се врати во октагонот и тоа поради една работа, да му ја исполни желбата на својот татко. Имено, татко му Абдулманап сакал неговиот син да има перфектен скор од 30 победи во 30 меча и за тоа му е потребна уште една победа.

– Разговарав со Хабиб, беше многу емотивен по борбата, но имам чувство дека може да оди по скорот од 30:0. Го сакам тоа. Неговиот татко сакаше, тој да ја заврши кариерата со 30:0 и мислам дека Хабиб сака да му ја исполни таа желба – изјави Вајт.

Со Хабиб во историјата си замина и дагестанската капа

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот