Изненадувачки кандидат во трката за потписот на Рашфорд

фото: EPA-EFE/JAMES ROSS

Комо изненадувачки влезе во трката за потпис на фудбалерот на Манчестер јунајтед, Маркус Рашфорд, пренесува Sky Italy.

Според информациите, новајлијата во Серија А, која ја предводи поранешниот играч на Барселона, Арсенал и Челси, Сеск Фабрегас, нема да има проблеми да го ангажира англискиот интернационалец.

Агентот на Рашфорд претходно во средата веќе отпатува во Милано на разговори со локалниот гигант за евентуална позајмица на напаѓачот, кој не е во плановите на менаџерот на Јунајтед, Рубен Аморим.

Со „црвените ѓаволи“ успеа по двапати да ги освои ФА купот и Лига купот, а по еднаш ФА Комјунити Шилд и Лигата на Европа.

Со англиската репрезентација беше финалсит на Европското првенство 2020, а дојде до третата позиција во УЕФА Лигата на нации 2018-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот