Изненадени „црвено-црните“: Одлуката на ЕХФ донесена без консултација со Вардар!

Фото: rkvardar.mk

Натпреварот од второто коло во Лигата на шампионите помеѓу Вардар 1961 и Елверум од Норвешка кој требаше да се одигра овој четврток (24 септември) во Скопје е одложен.

Поради рестрикциите од страна на Норвешка поврзани со патувањето на екипата на Елверум во нашиот главен град, и потоа задолжителното задржување во карантин по враќањето во земјата е причина за одложување на мечот.

На ваквата одлука од страна на Европската ракометна федерација (ЕХФ) реагираше и РК Вардар 1961:

– Ја добивме вашата одлука за одложување на натпреварот помеѓу Вардар 1961 и Елверум. Иако минатиот петок не известивте за можноста за одложување на натпреварот, сепак ние сме изненадени од одлуката и мора да забележиме дека оваа одлука е донесена без консултација со Вардар 1961.

Како што е соопштено во официјалната информација, причина за одложување се можните проблеми за повторно влегување во Норвешка поради правилата на норвешката влада за карантин на патник што пристигнува од Република С. Македонија.

фото: jozo cabraja/seha liga/

 

Не можеме да влијаеме на одлуките на норвешките власти, но треба да забележиме дека секоја влада обезбедува исклучок за спортските тимови. Ние сме на позиција дека Вардар 1961 не бил еднакво третиран бидејќи ги направивме сите потребни активности за организација на натпреварот, вклучувајќи ги сите стандарди за здравствена безбедност во согласност со упатствата на ЕХФ и на локалната самоуправа, како и изолираната резервација на хотелот само за луѓето од Елверум.

Потсетуваме, СЕХА Ф4 беше организиран со учество на Вардар 1961, на највисоко можно ниво и без никакви проблеми за време на турнирот и по завршувањето на турнирот за која било од учесничките екипи.

Во согласност со протоколите на Република С. Македонија, овој натпревар требаше да се игра без гледачи, а дополнително обезбедуваме редовно тестирање пред натпреварот и по натпреварот. Затоа ризикот е минимален и сметаме дека опцијата за играње на натпреварот мора да биде исцрпена. Тоа е редовна пракса во ЕУ, патниците кои имаат негативен PCR тест да не се бара да се стават во карантин.

Одложувањето на натпреварот ќе му донесе повеќе проблеми на Вардар 1961, бидејќи сме пред почеток на СЕХА лигата и ќе се соочиме со проблеми во календарот и со натпреварот со Елверум. Од друга страна, Елверум имаше опција да го одложи својот натпревар во домашното првенство.

Ние би сакале, доколку е можно, одлуката за одложување да се ревидира и натпреварот да се игра според предвиденото – се вели во соопштението на РК Вардар 1961.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот