ИЗНАЈМИЛЕ НАЈСКАП РЕСТОРАН И ОДЛИЧНА МУЗИКА ЗА СВАДБА: Сè изгледало совршено додека свекрвата не уништила сè!

илустрација

Мојата свадба се претвори во нешто најлошо што сум го доживеала во своите 30 години живот – ја започна својата приказна една девојка.

Се беше идеално, најскап ресторан во градот, 300 гости, музика… свадба од соништата, се до моментот кога дојде матичарот и започна церемонијата за венчавка.

Кога матичарот ме праша кое презиме ќе го земам, јас му кажав дека ќе го задржам своето презиме, а во истата секунда мојата свекрва која беше на неколку метри од мене скокна од столот и започна да ме навредува пред сите…

Дојде до мене и ми се закани дека морам да го земам нивното презиме или венчавката ќе биде прекината. Стоев целата збунета, во сала покрај 300 гости кога завладеа целосна тишина

Се завртев кон вереникот, идниот маж, очекував дека ќе ме заштити, а тој тогаш ми кажа дека се согласува со својата мајка и дека треба да го земам неговото презиме…

Го тргнав велот од главата и без ниту еден збор оставив се… 6 години врска, иднина, се, буквално се, се отиде во неповрат поради една чиста глупост.

Најлошото од се е тоа што во тој момент кога кажав дека сакам да го задржам своето презиме се пошегував… но за тие неколку минути подобро го запознав мажот со кој ја планирав иднината и неговото семејство, подобро од сите години додека бевме заедно…

Седам и не знам дали да бидам тажна или да се веселам што избегав од тие психопати…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот