Изминатото деноноќие седум лица полесно повредени во сообраќајки во Скопје

Сообраќајна несреќа / Фото: Принтскрин Јутјуб

Еден пешак се здобил со тешки телесни повреди, а седум лица со лесни телесни повреди во седум сообраќајни незгоди од вкупно 10 што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во три сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.

Од сообраќај, според податоците на СВР Скопје, полицијата исклучила еден возач кој управувал возило под дејство на алкохол, 21 возач пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, четири возачи почетници, пет возила кои биле технички неисправни, едно возило за претовар и 21 нерегистрирани возила.

За непрописно паркирање казнети се 99 возачи, а со специјалното возило „пајак” подигнати се 66 возила.
Четворица пешаци се казнети за поминување коловоз вон пешачки премин, двајца возачи за поминување крстосница на црвено светло, еден возач за не давање првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин и седум возачи за неправилно престигнување.

Санкционирани се и 12 возачи за некористење на заштитен шлем од страна на возачите на велосипед со мотор, мопед и мотоцикл, девет за неносење сигурносен појас од страна на возачите за време на управување на моторно возило и 29 возачи за користење на мобилен телефон за време на управување на моторно возило.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот