Изминатото деноноќие МВР регистрирала седум случаи на непочитување на мерките за самоизолација

За сите случаи на непочитување на мерките за самоизолација ќе бидат поднесени соодветни пријави до јавното обвинителство.

Техничкиот министер Наќе Чулев упати апел до сите граѓани кои се во самоизолација да ги почитуваат мерките кои се спроведуваат за спречување на ширењето на корона вирусот и да не ги напуштаат своите домови. Тој соопшти дека изминатото деноноќие имало седум случаи каде било констатирано непочитување на истите, и дека за овие случаи ќе бидат поднесени соодветни пријави до јавното обвинителство.

Тој ги повика граѓаните кои ќе забележат случаи на непочитување на мерките истите да ги пријават преку електронска пошта или телефон.

Министерот информираше дека на територија на Секторот за внатрешни работи на Скопје има 173 лица во самоизолација кои ги проверуваат припадниците на полицијата, на територија на Битола 13 лица, Тетово 16 лица, Охрид 82 лица, Струмица 12 лица, Куманово шест лица и Штип осум лица

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот