Изминатите седум денови најмногу новозаразени од почетокот на пандемијата

Фото: Профимедиа

Бројот на потврдени случаи на заразени со новиот коронавирус во светот е зголемен за 1,8 милиони во изминатите седум дена, и тоа е најголем број новозаразени лица од почетокот на пандемијата за една недела.

Вирусот досега е потврден кај повеќе од 19,5 милиони луѓе ширум светот, а Америка и Азија остануваат во фокусот на пандемијата.

САД се уште се најтешко погодената држава, а ситуацијата е особено тешка во државите од Јужна Америка, од кои пет се меѓу 10-те земји во светот што се најтешко погодени од коронавирусот.

Досега повеќе од 720.000 луѓе починаа од вирусот, а повеќе од 12,5 милиони луѓе се опоравиле, покажуваат податоците на веб-страницата „Worldometers”

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот