Изминатата седмица во Охрид и Струга по 44 потврдени случаи на Ковид-19

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Црниот биланс изнесува пет починати пациенти од Охрид и Дебарца, 26 од Струга и четворица од Дебар и Центар Жупа.

Изминатата седмица во Охрид е регистрирано присуство на Ковид-19 кај 44 лица, исто колку и во соседна Струга. Во Дебар изминатата седмица е потврден коронавирус кај 26 лица. Тоа го покажуваат податоците на Центарот за јавно здравје од Охрид, надлежен за општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа.

Според седмичните податоци за периодот од 20 јуни и заклучно со вчера 26 јуни, во сите посочени општини Центарот изврши собирање материјал за тестирање од вкупно 223 лица и тоа 104 од лица во општините Охрид и Дебрца, 89 материјали од општините Струга и Вевчани, како и 30 материјали од Дебар и Центар Жупа.

Според појаснувањата, 129 од материјалите се земени по епидемиолошки индикации, додека 94 материјали зе земени при скрининг тестирањето со упат од матичен лекар.

Од почетокот на епидемијата заклучно со вчерашниот ден присуство на Ковид-19 е потврдено кај 422 лица, од кои 140 во општините Охрид и Дебрца, 193 лице во општините Струга и Вевчани и 89 лица во општините Дебар и Центар Жупа.

Црниот биланс изнесува пет починати пациенти од Охрид и Дебарца, 26 од Струга и четворица од Дебар и Центар Жупа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот