Изминатата седмица во Охрид 32, во Струга 28 и во Дебар седум потврдени случаи на коронавирус

Седмичниот билтен на Центарот за јавно здравје од Охрид што ги опфаќа општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа покажува дека во периодот од 5 до 11 септември лабораториски е дијагностицирано присуство на КОВИД-19 кај 32 лица од Охрид, 28 лица од Струга и седум лица од Дебар.

Изминатата седмица од вкупно земените 90 материјали за испитување 29 се собрани според епидемиолошки индикации (лица кои исполнуваат критериуми за дефиниција на случај), а 61 материјал е земен при скрининг тестирањето со упат од матичен лекар.

Во Охрид има 42 активни случаеви на КОВИД-19, во Струга 59, а во Дебар 29 пациенти. Во односниот период оздравени се 13 лица од Охрид, 29 лица од Струга и едно лице од Дебар. Изминатата седмица се регистрирани осум смртни случаи поврзани со КОВИД-19, и тоа четири од Општина Охрид, три од Струга и едно од Дебар.

Кога станува збор за вкупниот биланс од почетокот на епидемијата заклучно со вчерашниот ден КОВИД-19 е регистриран кај вкупно 1268 лица во односните општини и тоа 386 лица во општините Охрид и Дебрца, 615 лица во општините Струга и Вевчани и 267 лица во општините Дебар и Центар Жупа. Оздравени пациенти од Охрид се 314, од Струга се 508, а од Дебар и Центар Жупа се 220 пациенти. Во Охридско починати се 15 лица, во струшко 52, а во Дебар и Центар Жупа 13 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот