Изминатата седмица во Охрид 27, во Струга 54 и во Дебар осум потврдени случаи на ковид-19

Седмичниот билтен на Центарот за јавно здравје од Охрид што ги опфаќа општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа покажува дека во периодот од 18 до 24 јули лабораториски е дијагностицирано присуство на КОВИД-19 кај 27 лица од Охрид, 54 лица од Струга и осум лица од Дебар.

Изминатата седмица од вкупно земени 322 материјали за испитување 243 се собрани според епидемиолошки индикации (лица кои исполнуваат критериуми за дефиниција на случај) (Охрид и Дебрца 86, Струга и Вевчани 71, Дебар и Центар Жупа 77), а 88 материјали зе земени при скрининг тестирањето со упат од матичен лекар и тоа само од Охрид и Дебрца.

Во Охрид има 111 активни случаеви на КОВИД-19, во Струга 176, а во Дебар 20 пациенти. Во односниот период оздравени се 36 лица од Охрид, 25 лица од Струга и едно лице од Дебар. Изминатата седмица се регистрирани два смртни случаи поврзани со КОВИД-19, и двата од Општина Струга.

Кога станува збор за вкупниот биланс од почетокот на епидемијата заклучно со вчерашниот ден КОВИД-19 е регистриран кај вкупно 844 лица во односните општини и тоа 258 лица во општините Охрид и Дебрца, 404 лица во општините Струга и Вевчани и 182 лица во општините Дебар и Центар Жупа. Оздравени пациенти од Охрид се 149, од Струга се 182, а од Дебар и Центар Жупа се 62 пациенти. Во Охридско починати се седум лица, во струшко 41, а во Дебар и Центар Жупа пет лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот