Изминатата седмица во Охрид 21, во Струга 30 и осум лица од Дебар позитивни на коронавирус

Охрид / архива / Фото: Profimedia

Оздравени се 301 пациент од Охрид, 479 од Струга, а од Дебар и Центар Жупа 219 пациенти.

Седмичните податоци што ги објавува Центарот за јавно здравје од Охрид, а се однесува на населението кое живее на подрачјето на општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа покажуваат дека во периодот од 29 август до 4 септември лабораториски е дијагностицирано присуство на Ковид-19 кај вкупно 59 лица и тоа кај 21 лица од општина Охрид, кај 30 лица од општина Струга и кај осум лица од општина Дебар.

Во односниот период за тестирање се земени вкупно 80 примероци, од кои 27 по епидемиолошки индикации (лица кои исполнуваат критериуми за дефиниција на случај), а 53 материјали зе земени при тестирањето со упат од матичен лекар – Мој термин.

Според податоците во Охрид моментално има има 42, во Струга 59, а во Дебар 29 активни случаи на заболени со коронавирус. Во истиот период се починати три лица по едно од Охрид, Струга и Дебар.

Од почетокот на епидемијата заклучно со вчерашниот ден е дијагностицирано присуство на Ковид-19 кај вкупно 1114 лица во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, од кои кај 354 лица во општина Охрид и Дебрца, 587 лице во општина Струга и Вевчани и 260 лица во општина Дебар и Центар Жупа.

Оздравени се 301 пациент од Охрид, 479 од Струга, а од Дебар и Центар Жупа 219 пациенти. Црниот биланс досега се 11 починати лица од Охрид и Дебарца, 49 од  Општина Струга и 12 од Дебар и Центар Жупа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот