Измените во законите за образование пред пратениците: ВМРО-ДПМНЕ ќе одлучува дали ќе ги поддржи

Во пресрет на новата учебна година која поради коронавирусот треба да започне на 1 октомври, точно напладне, во Собранието треба да бидат изласани предлог-законите за основно и за средно образование по скратена постапка. Законите треба да се донесат за да можат учениците безбедно, поради заразата од ковид-19, да ја јзапочнат наставата. Причина плус за нивното носење е и тоа што до сега во Македонија немаше законска рамка како би се одвивала наставата во случај на кризи, било тие да се предизвикани од пожар, поплава,  земјотрес или пандемија.

При образложувањето на потребата од измените на предлог-законот за основно образование, министерката за образование Мила Царовска, рече дека со овие законски измени ќе се овозможи да се заштитат и децата и воспитниот кадар и да се спроведува воспитно-образовниот процес непречено во текот на училишната година.

За предлог-законот за средно образование, министерката посочи дека со него Владата ќе може да ги утврди деновите, траењето на училишната година и да донесе план и програма по која што ќе може да одвива училишната година, а со тоа да се заштити здравјето и на наставниот кадар и на учениците.

Со измените на законите за основно и средно образование во услови на вонредни услови за тоа кога ќе започне или заврши учебнта година ќе одлучува Владата. Законите овозможуваат организирање на настава со физичко присуство и он лајн, или пак комбинирана настава, доколу тоа го диктираат здравствените протоколи. Во услови на вонредни состојби и наставните часови можат да траат пократко. Со измените, бројот на наставни денови во учебната година може да биде помал од досегашните 180, но не помалку од 100.

Со ваквите измени, Владата очекува да се обезбеди безбедност на сите во образовниот процес, бидејќи со законите и здравствените протоколи се предвидени хигиенските услови, дистанца од 1,5 метри на училишните клупи, помал број на ученици во училишните класови.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ најави дека на координација ќе одлучува дали ќе ги поддржи заноните за основно и средно образование, бидејќи не беше прифатен ниту еден од 6-те амандмани кои тие ги предложија. Меѓу нив е и обезбедување на компјутер за секое дете.

При претставувањето на Националната програма за он лајн образование, Царовска рече дека 40.000 деца немаат пристап до електронски уреди за следење на наставата. Според неа, пристап до интернет може да се овозможи, но државата не може да обезбеди толку уреди за секое дете.

– Тоа е затекната состојба која не може да се надмине во период од еден месец. За тие деца ќе имаме часови (15-минутни видеа) кои ќе бидат поставени на Националната телевизија, на каналите коишто се веќе обезбедени и преку нив тие ќе може да бидат изложени на информациите коишто треба да ги добијат во училиште – рече министерката за образование Мила Царовска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот