Измените на Законот за заштита од заразни болести пред собраниската Комисија за здравство

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Собраниската Комисија за здравство денеска треба да го разгледа Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на населението од заразни болести, по скратена постапка, во второ читање, откако вчера на пленарна седница беше усвоена потребата од негово донесување.

Во образложението на предложените измени и дополнувања стои дека Законот за заштита на населението од заразни болести ги уредува мерките за спречување на појавата, рано откривање, спречување на ширење и сузбивање на заразните болести и на инфекциите, правата и обвските на здравствените установи, правните и физичките лица, како и надзорот над спроведувањето на мерките, со цел на заштита на населението од заразни болести.

Министерот за здравство Венко Филипче, образложувајќи ја потребата за донесувањето на законот по скратена постапка, влчера рече дека таа произлегува од зголемената потреба за почитување на превентивните мерки за заштита од коронавирусот.

– Неколку членови се додаваат, неколку се менуваат. Некои од членовите кои се менуваат практично се однесуваат на измена на дело од уредбите кои беа донесени во време на вонредата состојба, а се однесуваат на институциите во кои се лекуваат. Друг значаен дел е во однос на зголемување на ингеренциите на инспекторатите, рече Филипче.

Откако овој предлог од Министерството за здравство мине на матичната комисија за здравство и на законодавно-праваната комисија, тој повторно ќе се најде пред пратениците на пленарна седница.

Предлог за измени и дополнувања на истиот закон, завчера доставила и опозицијата кој се однесува на формирање на нова комсија за заштита од болести. Составот на комисијата, на предлог на Владата, да го избира Собранието, а таа се предвидува да биде составена од 11 члена: по функција ќе членуваат министерот за здравство и директорот на Центарот за управување со кризи, а останатите девет членови би биле тројца инфектолози, двајца епидемиолози, двајца микробиолози, еден имунолог и еден интернист.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот