Измените на Изборниот законик на седница пред пратениците, сè уште нема консензус меѓу партиите

Иако овие две точки се на дневен ред на собраниската седница, партиите немаат постигнато консензус по прашањето на промени на Изборниот законик.

Собранието денеска треба да ја продолжи 123-та седница на чиј дневен ред се двата предлог закона за измени и дополнувања на Изборниот законик, на кој беа поднесени неколку илјади амандмани. Измените предвидуваат една изборна единица и отворени листи.

Иако овие две точки се на дневен ред на собраниската седница, партиите немаат постигнато консензус по прашањето на промени на Изборниот законик.

На дневен ред на оваа седница се и Дополнетиот предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за одбрана, Дополнетиот предлог на закон за Академија за судии и јавни обвинители, исто така во второ читање, како и Дополнетиот предлог на закон за лобирање, сите во второ читање.

Пред одржувањето на 123-та, Собранието има закажано и продолжение на 130-тата седница во чии рамки пратениците, меѓу другото треба да расправаат за Дополнетиот Предлог закон за правата на заедниците кои се помалку од 20 отсто од населението во Република Северна Македонија, во второ читање, како и за предлог законите за задолжување со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој, Светска банка по Договорот за заем за финансирање на Проектот за администрирање на социјалното осигурување, по скратена постапка и по Договорот за заем за финансирање на Проектот за модернизација на земјоделството, по скратена постапка, во второ читање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот