Измени на Деловникот за работа на Владата, премиерот го заменува првиот заменик

Фото: Фејсбук

На својата втора седница, членовите на Владата ги прифатија измените и дополнувањата на Деловникот за работа на Владата. Една од измените се однесува на прецизирање на надлежностите на првиот заменик на претседателот на Владата задолжен за координација на политички прашања на ресорите.

„Предвидено е, Претседателот на Владата да го заменува Првиот заменик на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за координација на политички прашања на ресорите, а во случај на негово отсуство или спреченост тогаш Претседателот на Владата го заменува еден од неговите заменици што тој ќе го определи“, се наведува во соопштението од Владата.

Според дополнувањата, на претседателот на Владата во вршењето на неговите права и должности му помагаат првиот заменик на претседателот на Владата задолжен за координација на политички прашања на ресорите и замениците на претседателот на Владата.

Како што се наведува, првиот заменик на претседателот на Владата задолжен за координација на политички прашања на ресорите и замениците на претседателот на Владата се грижат за извршување на работите од надлежност на Владата по одделни прашања за кои ќе ги овласти претседателот на Владата.

Првиот заменик на претседателот на Владата задолжен за координација на политички прашања на ресорите и замениците на претседателот на Владата го известуваат претседателот на Владата за извршување и спроведување на работите, се посочува во соопштението од владината прес-служба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот