Изменет сообраќаен режим во Скопје поради Водици

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници. 

Поради манифестациите за верскиот празник Водици, Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје денеска ќе воведе посебен режим на сообраќај на одредени сообраќајници во централното градско подрачје на Скопје, како и во општините Ѓорче Петров и Аеродром и населбата Хром.

Како што информираат од МВР, во периодот од 10 часот, па до завршувањето на манифестацијата по повод Водици, во центарот на Скопје за сообраќај ќе бидат затворени улиците „Филип Втори Македонски” до булеварот „Гоце Делчев” и кеј „13 Ноември” до булеварот „Кочо Рацин”.

Во Општината Ѓорче Петров од 10 часот црковната литија ќе се движи почнувајќи од црквата „Свети Петар и Павле”, десно по булеварот „Партизански одреди”, десно по улицата „Ѓорче Петров”, лево по улицата „Васил Чакаларов”, како и од црквата „Свети Пантелејмон” по улицата „Демир Трајко” и лево по улицата „Васил Чакаларов” до Железничкиот мост на реката Вардар.

Прочитајте и...  Рама во Москва се сретна со Лавров, се разговараше и за косовското прашање

Во Општина Аеродром од 10 часот за сообраќај ќе биде затворен локалниот пат кон село Лисиче.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници. 

Прочитај повеќе

Одбраната на Боки 13 ги предложи Сергеј Варошлија и сопругот на Ременски за сведоци

Слободен печат

Нови случаи со корнавирус во Британија и Виена, Макрон предупредува на криза

Слободен печат

Стјуардеса која работела на летови меѓу Сеул и Лос Анџелес е позитивна на коронавирус

Слободен печат

Апел до сите граѓани кои допатувале од ризичните земји, да не одат на работа и во училишта

Слободен печат

Мијалков: За случајот „Монструм“ беа ангажирани сите ресурси на УБК и БЈБ

Слободен печат

Одложено рочиштето за „Рекет“, двајца сведоци не се појавија во судот

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Филипче: Испитуваме уште еден можен нов случај на коронавирус

Слободен печат

Општина Карпош повика да се пријават штетите од вчерашното невреме

Слободен печат

Носење заштитни маски во Белгија не е легално

Слободен печат

Откорнат покривот на средното хемиско училиште (ФОТО)

Слободен печат

РЕГИОНОТ ИЗНЕНАДЕН: Србија и БиХ синоќа завеани во снег (ФОТО+ВИДЕО)

Слободен печат

Граѓаните индиректни жртви во директната мала „војна“ помеѓу телевизиите и кабловските оператори

Слободен печат