Изменет сообраќаен режим во Скопје поради протест

Скопје, 26 февруари 2021 / Фото: Драган Митрески - СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.

Од СВР Скопје апелираат граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници. 

СВР Скопје денеска ќе воведе посебен режим на сообраќајот на неколку улици во Скопје поради протест најавен во 13.30 часот, кој ќе почне од паркот во Чаир, а ќе продолжи кон Владата.

Затворени за сообраќај од 13:30 часот до завршување на протестот ќе бидат улиците „Христијан Тодоровски Карпош”, „Џон Кенеди”, „Цветан Димов”, „Крсте Мисирков” и бул.„Гоце Делчев”, соопшти МВР.

Од СВР Скопје апелираат граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот