Изменет сообраќаен режим во Скопје поради Европско атлетско првенство

Сообраќајци / Фото: Архива

Посебен сообраќаен режим ќе се воведе денеска и утре во период од 14.00 до 22.00 часот поради одржувањето на Европското атлетско екипно првенство во националната арена „Тоше Проески” во Скопје.

Како што соопштуваат од МВР, за сообраќај ќе биде затворена улицата позади западната трибина на националната арена „Тоше Проески”.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот