Изменет сообраќаен режим, поради дислокација на гасовод

На булеварот „Босна и Херцеговина” в недела (01.12.2019 година) во периодот од 7 до 15 часот ќе има изменет сообраќаен режим поради изведување градежни работи за дислокација на гасовод, соопшти Град Скопје.

Булеварот ќе биде затворен за сообраќај на потегот пред маркетот КАМ и пред Техномаркет, непосредно пред ЕВН КЕЦ Васил Главинов, а возилата ќе се пренасочуваат по споредните улици.

Градот Скопје апелира до учесниците во сообраќајот да ја почитуваат поставената патна сигнализација, а брзината на движење да ја приспособат на условите на патот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот